Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро беа ривали во минатото, но почитта на Србинот кон Аргентинецот е голема, а светскиот рекет број 1 тоа го докажа преку „Инстаграм“.
Дел Потро, кој има 34 години, по серијата повреди и долги паузи, ја заврши кариерата, доцна синоќа го одигра својот последен меч и Ѓоковиќ му испрати порака на шпански јазик.
„Благодарам Хуан Мартин за сите емоции. Многу си голем“, му порача Ѓоковиќ, кој од Дел Потро загуби само четири меча, но два порази му беа многу болни и тоа беа мечеви на олимписки игри по кои Србинот плачеше од тага.