Финска стартуваше импресивно на олимпискиот турнир во хокеј на мраз и ја победи Словачка убедливо со 6:2.
Двајцата хокеари што играат во руската КХЛ-лига, Манинен и Алтонен забележаа хет-трик во поени, но на различен начин.
Манинен, кој е член на УФА, постигна три гола, а Алтонен, кој игра за Подолск, двапати ја тресеше мрежата на Словаците и имаше една асистенција.
Стрелец за Финска беше и Песонен за прво место во Ц групата пред Шведска.
Швеѓаните во премиерниот меч од оваа група ја победија Летонија со 3:2.