Од денот кога Жозе Мурињо доби отказ од Манчестер јунајтед, за брзо се појавија шпекулации дека португалскиот стратег би можел да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. На прес-конференцијата во пресрет на финалето од Светското клупско првенство, Мурињо беше тема на разговор, но капитенот на Реал, Серхио Рамос не сакаше да зборува за него.
„Пет години поминаа откако Мурињо си замина од Реал Мадрид, а вие уште зборувате за него. До кога? Ние сме во шанса да освоиме нов трофеј, а вие ме прашувате дали тој ќе се врати да ни биде тренер. Јас како капитен не можам да носам такви одлуки“, истакна Рамос.
Реал Мадрид во 17:30 часот игра против Ал Аин во финалето на Светскиот клупски собир, меч што значи историска шанса за „кралевите“ да бидат првиот тим кој успеал да го освои овој трофеј три години во низа.