Интересен момент се случи на меч од аргентинското првенство, а фаулот што го направи играчот на Баракас централ, Хуан Мануел Васкес, и ќе ве насмее.
Немоќен да го сопре брзиот и физички посилен ривал Игнасио Фернандес од Тигре, Васкес успеа само да му ги искине шорцевите на гостинскиот играч.
Barracas Central vs Tigre – Juan Vázquez early kit trade 64′ from soccer
Потоа заслужено доби жолт картон, а Фернандес мораше да го смени долниот дел од опремата.
Тигре победи со 2:0 на гостински терен и по три кола е непоразен на третото место зад Естудијантес и Бока јуниорс.