Македонија се разбуди кога веќе загуби, Грузија лесно победи со 21 поен разлика (Видео)

Македонија го загуби и третиот квалификациски меч за настап на Светското првенство во 2023 година, а вечерва во Тбилиси убедливо не победи Грузија со 91:70.

Од почеток до крај водеа домаќините, најмногу со 25 поени разлика, 72:47 на почетокот на последната четвртина.

Незадржливи за нашата одбрана беа Мекфаден со 26 поени и Шермадини со 20, на кои додаде и 15 скока.

Поразот беше најавен уште по првото полувреме, кое го доби Грузија со 46:31. Потоа домаќините стигнаа и до позитива од 25 поени разлика, а Македонија направи серија од 8:0 и го ублажи поразот.

Војдан Стојановски со 15 поени, Дамјан Робев со 13 поени и Бојан Крстевски и Виктор Ефремовски со по 11 поени се нашите единствени четворица репрезентативци со двоцифрен учинок на поени.

Во скромното издание може да се издвои само последниот период од 10 минути, единствен од четирите што успеавме да го одиграме нерешено, 23:23.

 

Македонија и Грузија ќе играат меѓу себе и во четвртото коло во групата Г за три дена во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести