Јувентус најверојатно нема да ги користи услугите на Кристијано Роналдо на гостувањето кај Аталанта в среда, на 26 декември. Ова го најави тренерот Масимилијано Алери, после победата на Јуве над Рома од 1:0.
Португалскиот ас играше на сите досегашни 17 натпревари од Серија А, и дури 16 пати ги играше сите 90 минути, само против Фиорентина беше заменет во 79 минута. Затоа, тренерот Алегри сака малку да го поштеди својот најдобар и најскап фудбалер.
Роналдо се обидуваше да постигне гол против Рома, но не успеа, Робин Олсен му бранеше сè што шутна кон неговиот гол. Наредните два меча на Јуве се против Аталанта и Сампдорија, кога Португалецот веројатно ќе биде на клупата за резерви.
„Има можност Роналдо да не биде стартер, но ќе биде на клупата и ќе го имам на располагање ако има потреба да игра“ – најави Алегри.