Зе Роберто има 47 години и изгледа топ: Без проблем можам да играм за Манчестер сити!

Бразилската фудбалска легенда Зе Роберто во 2017 година, кога беше 42-годишен, ја заврши играчката кариера, но продолжи да вежба и изгледа одлично и во идеална физичка форма е. Тој сега има 47 години и е самоуверен дека може да игра во средниот ред на Манчестер сити.

„Со кондицијата што ја имам и начинот на којшто играат, без проблем денеска би играл за Манчестер сити како централен играч за врска. Тоа е тим кој никогаш не ја губи топката“, вели некогашната ѕвезда на Баер Леверкузен и Баерн Минхен, а во Европа прв клуб му беше Реал Мадрид, додека за репрезентацијата на Бразил има 84 настапи.

Зе Роберто кариерата ја заврши како играч на Палмеирас. Тој мисли дека поради големите мечеви, тешко е да се игра на возраст над 40 години и затоа верува дека Кристијано Роналдо, кој на 37 години е во одлична физичка форма, ќе се повлече пред да наполни 40 години.

- Оглас -

Најнови вести