Чави објасни просто за Халанд: Не познавам фудбалер што ја одбил Барселона

Барселона е меѓу главните кандидати за ангажман на Ерлинг Халанд, имаше информација од каталонскиот „Спорт“ дека на норвешкото чудо му нуди сума од околу 190 милиони евра за петгодишен договор, а тренерот Чави Ернандес е оптимист.

Чави има интересна изјава што ја даде за шпанските медиуми.

„Не познавам фудбалер што ја одбил Барселона“, вели Чави. Барселона веќе двапати имаше средба со Мино Рајола, кој му е менаџер на Халанд и тој е заинтересиран за трансфер на Норвежанецот во редовите на шпанскиот гигант.

„Таква понуда не се одбива“, е изјавата на Рајола по објавениот текст на „Спорт“ и понудата на Барселона сукцесивно да му исплати на Халанд 190 милиони евра за пет години.

Барса ќе треба да ја плати и отштетната клаузула што Халанд ја има со Борусија Дортмунд, а изнесува околу 80 милиони евра, па целиот трансфер би чинел околу 270 милиони евра.

За напаѓачот на Борусија Дортмунд заинтересирани се и Манчестер сити и Реал Мадрид.

Борусија го купи Халанд од Салцбург за сума од 20 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести