Чави откри што му рекол на Меси по поразот на ПСЖ од Реал

Чави Ернандес и Лионел Меси повеќе од една деценија беа соиграчи во Барселона и заедно се радуваа на многу победи во дуелите против Реал Мадрид. Сега Меси ја игра првата сезона во ПСЖ и во првиот двомеч против Реал доживеа неуспех. Кралскиот клуб го елиминираше францускиот тим, а Меси разочаран си замина од „Сантијаго Бернабеу“.

По елиминиацијата од Реал, Чави откри дека упатил порака до неговиот поранешен соиграч.

„Имам пријателски однос со Меси и му упатив порака со охрабрување. Тоа е фудбалот во Лигата на шампиони, ако малку се намали интензитетот, противникот ќе те совлада. Мислам дека тоа му се случи на ПСЖ“, рече Чави, на денешната прес конференција пред утрешниот меч против Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести