Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, со својот клуб Нант, играше дуел против силниот Пари Сен Жермен во меч од францускиот шампионат, по што треба да дојде во Скопје и да му се приклучи на националниот тим во подготовките за баражот со Романија за пласман на Светско првенство.
Парижаните победија со 34-28, и сега имаат 20 победи во 20 меча, додека Нант и покрај поразот, остана втор.
Пред мечот со ПСЖ, Лазаров имаше краток разговор со неговиот пријател, и поранешен соиграч (заедно играа во Барса од 2013 до 2015 година) Никола Карабатиќ.
Просекот на години на двајцата им е 39, заедно имаат дадено речиси 1.300 гола во француската лига, а бројот на освоени трофеи и медали им е околу 60. Легенди!