Во есенскиот дел од сезоната, Реал Мадрид со 2:1 ја победи Барселона на „Камп ноу“, а каталонскиот гигант делуваше немоќно. Тогаш на клупата на Барселона беше Роналд Куман, но челниците на клубот решија да направат смена.
За спас на лошиот старт на сезоната беше повикан Чави Ернандес. Како играч, Чави повеќе од една деценија беше „мозокот“ во играта на Барселона, а сега реши да се проба во нов предизвик. Чави за кратко време ја среди играта на Барселона, тимот е 13 меча без пораз во сите натпреварувања, а за тоа каква е сега играта на Барселона, најдобро се виде на Ел Класико.
Барселона убедливо со 4:0 го понижи Реал на „Сантијаго Бернабеу“, а сите четири погодоци беа постигнати само по 55 минути, а потоа гостите намалија со темпото и до крајот остана 4:0 за Барселона.
Чави е само третиот тренер во историјата на клубот што во првото Ел Класико како тренер победува со 4+ голови разлика. Претходно тоа им успеало на двајца тренери кои биле на чело на Барселона уште пред повеќе од 60 години.
4 – Xavi Hernández 🇪🇸 is the third @FCBarcelona manager to win his first #ElClásico match by 4+ goals in the history of @LaLigaEN, after Ferdinand Daučík 🇸🇰 in 1951 (7-2 en Les Corts) and Helenio Herrera 🇦🇷 in 1959 (4-0 en el Camp Nou). Master. pic.twitter.com/Fz3msRlD0Q
— OptaJose (@OptaJose) March 20, 2022