Победата на Македонија над Италија одекна силно и низ медиумите на Балканот.
Ретко кога балканска селекција успевала да елиминира европски прваци а нашата земја за да настапи на Светското првенство во Катар треба да да ги елиминира двата последни шампиони на континентот, а како што е добро познато, ние веќе сме на пола пат.
Дарко Панчев имаше свое излегување за српските медиуми по повод успехот.
„Секако дека тоа е сензација бидејќи нашата селекција го победи актуелниот европски првак. Фудбалот е можеби единствениот спорт кој што може да режира вакви сензации. Трајковски инзвонреден гол во стилот на Роналдо.
Боби Милевски сега може да му се јави на Пикси за некој совет бидејќи тој знае како е да се победи Португалија“ изјави некогашната Златна копачка на Европа.