Аѕурите сè уште се во македонски шок, примија гол од Турција по 20 години (Видео)

Ченгиз Ундер е првиот турски репрезентативец што ѝ дал гол на Италија по цели 20 години пауза, а во ревијален меч на поразените во полуфиналниот бараж за СП, во финишот на првото полувреме е 1:1.

Ундер погоди во четвртата минута, а Донарума повторно слабо реагираше.

Голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Во 35-тата минута, Кристанте постигна гол за Италија и израмни на 1:1.

Турција и Италија играат ревијален меч во Коња, откако загубија од Португалија со 3:1 и од Македонија со 1:0 во полуфиналните баражи за настап на Мундијалот во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести