„Бонус“ е квотата во Sport Life за Стоилов да му даде три гола на Веспрем

Вардар и Веспрем вечерва од 18:45 часот во „Јане Сандански“ ќе ги одмерат силите во првиот осминафинален натпревар од ракометната Лига на шампиони.

По тој повод, од Sport Life не само за овој туку и за средбата меѓу Порто и Монпелје објавија навистина одлични квоти и граници за погодоците на ракометарите. А нам на прв поглед ни изгледа фантастична квотата за Столе Стоилов, која изнесува точно 2.00 за да му даде на Веспрем најмалку три погодоци.

На последните две средби меѓу овие две екипи, капитенот во просек постигнува по четири гола, што секако е над дадената граница.

Покрај капитенот, можете да одиграте на Филип Талевски, Џереми Тото, Жоел Куњи Моралеш, Оливие Њокас, Гоце Георгиевски, Дарко Ѓукиќ и Тимур Дибиров од редовите на двократниот европски првак.

Целата понуда за обложување за денеска можете да ја пронајдете на сајтот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести