Клоп: Арсенал сигурно нема да излезе со „бело знаме“

Ливерпул ја игра сезонава од соништата во Премиер лигата. На точно половина од трката за титулата во англиското првенство, гигантот од „Енфилд Роуд“ освои најмногу поени (51), додека второпласираниот Тотенхем заостанува шест вода. Тоа што е уште поимпресивно, Ливерпул во досегашните 19 меча се израдува на 16 дуели, а само три пати ремизираше, без да биде поразен ниту еднаш.

Домаќините се серија од осум победи по ред во Премиер лигата, а интересно е дека последен пат не ги освоиле трите бода, токму од дуел против Арсенал. Мечот одигран во Лондон, пред помалку од два месеци, заврши 1:1. Вечерва, Ливерпул е домаќин на „топчиите“ и голем фаворит за освојување на трите бода. Сепак, тренерот Лирген Клоп е претпазлив.

„Играчите на Арсенал сигурно нема да излезат на теренот со бело знаме и да речат дека немаат шанси. Ќе биде многу тежок меч, бидејќи се работи за квалитетен противник. Најважно е ние да бидеме фокусирани на нашата игра. Арсенал има многу опасен контра напад и тука мора да бидеме многу внимателни“, рече Клоп.

Ливерпул нема титула во Англија од 1990 година, а навивачите веруваат дека ова е сезоната која ќе биде историска за нив. Ова се можните состави на двата тима за дуелот на „Енфилд Роуд“.

 

- Оглас -

Најнови вести