Кристијано има високи цели пред мечот со Сампдорија

Последниот натпревар за Кристијано Роналдо во 2018 година, му носи можност да продолжи со испишувањето историја. Португалецот со својот Јувентус, ќе оди на ови три бода против Сампдорија, и тоа е најлесната од трите задачи кои си ги има поставено Роналдо.

Но, за да успее во другите две цели, ќе се праша и тренерот Масимилијано Алегри, кој треба да одлучи дали Кристијано ќе игра 90 минути. Ако не игра цел меч, му се намалуваат шансите да постигне хет-трик.

На Роналдо му фалат три гола за да дојде до бројка од 50 погодоци во календарската година. Ако успее, тоа ќе му биде осма година по ред со 50 или повеќе голови. Ако даде четири гола, ќе се изедначи со неговиот ривал Лионел Меси, кој годинава постигна 51 гол во сите натпреварувања. Ова е речиси невозможна мисија, ако се знае дека Роналдо во Италија најмногу што има дадено на еден меч му се два гола.

Роналдо годинава даде 28 гола за Реал Мадрид, 13 за Јувентус и шест за репрезентацијата на Португалија.

- Оглас -

Најнови вести