По голема драма и меч кој се играше во два дена, Бетис го освои Купот на Шпанија

Екипата на Бетис е освојувач на Купот на Шпанија откако во драматично финале, дури по подобро изведување на пенали ја победи Валенсија. Речиси три часа траеше мечот кој започна во 22 часот, а заврши во 1 наутро следниот ден, а на крајот се радуваше тимот од Севилја.

За Бетис ова е трета титула во Купот во клупската историја, повторувајќи го успехот од 1977 и 2005 година. Тој е првиот клуб кој успеал да освои два Купа со победи на пенали.

Борха Иглесијас кој беше прогласен и за играч на мечот во финалето, го добеде Бетис во водство од 1:0, но Валенсија израмни преку Дуро во 30 минута.

Потоа до крајот на регуларните 90 минути немаше погодоци, а 1:1 остана и по дополнителните 30 минути игра, па мораше да се шутираат пенали.

Во пенал рулетот сите петмина изведувачи на Бетис беа прецизни, додека кај Валенсија промаши само Муса, а тоа беше и одлучувачки за трофејот да замине кај фудбалерите на Бетис.

- Оглас -

Најнови вести