Кион распали по дефанзивците на Арсенал: Се браневме како деца на училишен фудбал

Мартин Кион жестоко распали по дефанзивците на Арсенал, а неговата дефиниција е дека топчиите се бранеа како деца на училишен фудбал во дуелите со напаѓачите на Ливерпул.

Лидерот на табелата во Премиерлигата го декласира гостинот од Лондон со 5:1, а дел од реакциите при головите на домаќините навистина беа смешни.

Особено лоши беа стоперите Мустафи и Сократис, па триото напаѓачи на Ливерпул, Фирмино, Салах и Мане лесно минуваа покрај нив и постигнуваа голови.

„Не е во прашање квалитетот, туку очигледна беше паниката кај дефанзивците на Арсенал. Вака се игра на училишен фудбал, не во Премиерлигата. Недостасуваше Белерин, но тоа не е оправдување“, критикуваше Кион.

 

- Оглас -

Најнови вести