Веќе се навикнавме Лука Дончиќ на секој нареден одигран меч во НБА-лигата да прави шоу. Дебитантот во дресот на Далас одигра нов одличен меч против Оклахома во победата од 105:103. Словенецот беше прв стрелец во победничкиот тим со 25 поени, покажувајќи дека е во одлична форма.
Лука е првиот дебитант во последните 30 години што успеал до Нова Година на 20 меча да постигнува 20+ поени. Посебно впечатливи беа поените кои ги даде додека го чуваше Пол Џорџ. Тинејџерот едноставно го „измести“ Џорџ и потоа лесно поентираше.
LUKA DONCIC HIT PAUL GEORGE WITH THE MOVES https://t.co/Cpw2ZGXfeh
— Legion Hoops (@LegionHoops) December 31, 2018