Фудбалскиот клуб Балкани на три кола до крајот на сезоната стана нов првак на својата земја и ќе го претставува Косово во квалификациите за Лигата на шампионите.
Ова е голем успех за Балкани, кој ја прекина доминацијата на Дрита и Приштина, а по завршување на сезоната, се најавува голема прослава на титулата.
Балкани е клуб од малиот град Сува река, кој има околу 10 илјади жители. Стадионот им е само со 1.500 седишта, па веројатно европските мечеви ќе ги игра во главниот град Приштина.