Јусуф Нуркиќ го одигра најдобриот меч во кариерата, но тоа воедно беше и меч за НБА-историјата. Босанскиот центар во редовите на Портланд беше најдобар во побдата на гостувањето кај Сакраменто од 113:108, дури по продолжение. Интересно е тоа што Нуркиќ пред неколку дена го предводеше тимот до победа над НБА-шампионот, Голден стејт, кога имаше 27 поени и 12 скока, а неговиот коментар беше „Морам да одиграм подобро“.
Тоа што сам си го постави како цел, ноќеска го реализираше. Не само што одигра подобро, Нуркиќ одигра натпревар и оствари статистика каква што никому никогаш досега во НБА-лигата не му успеало. Мечот го заврши со 24 поени (5/10 шут од поле и 14/16 за слободни фрлања), а имаше и 23 скока, седум асистенции, пет блокади и пет украдени топки. Едноставно, беше незадржлив и стана првиот играч во историјата кој имал барем 5 остварувања во 5 различни категории.
Незадржлив беше и Никола Јокиќ. Србинот во дресот на Денвер имаше трипл-дабл со одлични бројки. Јокиќ на крајот заврши со 19 поени, 15 асистенции и 14 скока. Имаше и три блокади. Во НБА-лигата вакви бројки во четири различни категории последен пат имал легендарниот Лери Бирд, кому тоа му успеало во 1982 и 1987 година. Тоа значи дека цели 32 години се чекаше за некој да го повтори подвигот на Бирд.
Triple-double Joker.#MileHighBasketball https://t.co/SvQcaguOv2
— Denver Nuggets (@nuggets) January 2, 2019
Резултати: Торонто – Јута 122:116, Милвоки – Детроит 121:98, Денвер – Њујорк 115:108, ЛА клиперс – Филаделфија 113:119, Сакраменто – Портланд 108:113 по продолжение.