Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2018-та година според „Globe Soccer Awards“. На церемонијата која се одржа во Дубаи, Португалецот собра две награди, неговиот погодок против Јувентус во четврт-финалето од ЛШ минатата сезона беше прогласен за најубав гол.
Кристијано доби повеќе гласови од Килијан Мбапе и Антоан Гриезман за наградата за најдобар фудбалер. За ѕвездата на Јувентус, ова беше вкупно четврта награда во оваа категорија во неговата кариера.
Неговиот агент Жорж Мендеш ја доби наградата за најдобар агент, додека Дидие Дешамп беше избран за најдобар тренер во изминатата година, откако со Франција го освои Мундијалот кој се одигра во Русија.
„Чест ми е што ги добив овие признанија. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, на пријателите, на агентот Мендеш и на сите кои соработуваа со мене во изминативе години. Тие ми даваат неизмерна поддршка да ги остварувам моите соништа. Сега сакам да продолжам да победувам со Јувентус, да освоиме што повеќе трофеи“, истакна Роналдо.
https://twitter.com/Globe_Soccer/status/1080896927275864064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080896927275864064&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.thenational.ae%2Fsport%2Ffootball%2Fcristiano-ronaldo-named-player-of-the-year-at-globe-soccer-awards-in-dubai-1.809225