Брилјираше против Англија: Новиот миленик на Аѕурите пред пет години работел како градежник

Федерико Гати до вчера беше анонимен за фудбалската јавност и пред само една година играше во третата лига на Италија, но по вчерашниот блесок против Англија, на Чизмата се радосни што добија наследник на Џорџо Кјелини.

Дефанзивецот на свои 23 години дебитираше во дресот на европскиот шампион и веднаш го привлече вниманието. Статистиката од дуелот против Гордиот Албион вели дека Гати беше највлијателен во одбраната, задржувајќи ги Англичаните да не дадат гол. Беше инволвиран во 11 дуели, направи три блока, двапати пресече клучен напад на противникот, за на крајот да биде најфаулиран играч во составот на Манчини.

А, неговиот пат до националниот тим е уште поимпресивен. Пред само пет години, Гати работел како градежник за да заработи за леб, но не се откажал од сонот да стане професионален фудбалер. Упорноста му се исплати, сега Гати е новиот миленик на италијанскиот фудбал.

Минатото лето Гати оствари преселба во редовите на Фросиноне, доаѓајќи од третолигашот Про Патрија, а веќе во јануари годинава Јувентус плати пет милиони евра за неговите услуги и го остави на позајмица во Фросиноне до крајот на сезоната.

Настапот за Аѕурите може да биде пресуден за Гати да избори место во тимот на Макс Алегри, па да си го оствари сонот да дебитира и за клубот за кој навива од дете.

- Оглас -

Најнови вести