Барселона и Усман Дембеле и дефинитивно нема да ја обноват соработката, па од 1 јули француското крило може слободно да си замине од „Камп ноу“.
Ваквиот расплет со нетрпение се чекаше на „Стемфорд бриџ“ бидејќи Челзи силно загриза да го доведе Дембеле во Лондон како прво летно засилување за тимот на Томас Тухел.
Според шпекулациите, Французинот веќе им кажал „да“ на Сините по разговорот со Тухел, кој го убедил Дембеле да ја прифати понудата. Двајцата успешно соработуваа во Борусија Дортмунд, па надежите се дека токму Тухел може да му ја оживее кариерата на Дембеле, која во Барселона му претрпе слободен пад поради чести повреди.
Каталонците, пак, може да се задоволни што се ослободуваат од високата плата на Дембеле, вредна 243 илјади евра неделно, меѓутоа инвестицијата од 140 милиони евра, колку што вредеше трансферот на офанзивецот, се покажа како неуспешна.