Сега е негово време: супер-агентот Мендеш од два трансфери заработи 13,5 милиони евра

Преодниот рок во Европа уште официјално не е ни почнат, а агентот Жорже Мендеш летово веќе има заработка од дури 13,5 милиони евра, за двата трансфери во кои тој посредуваше и ги договори.

Од договорот на Фабио Виеира во Арсенал ќе земе 5 милиони, а за трансферот на Витиња во Пари Сен Жермен, агентот Мендеш на име менаџерски комисии, добива 8,5 милиони евра.

Мендеш има договор со Порто дека ако договори трансфер од кој Порто ќе добие над 30 милиони евра, на агентот му следува половина од разликата.

- Оглас -

Најнови вести