Џанлуиџи Буфон и на 40 години сезонава со успех ја брани мрежата на Пари Сен Жермен, а иако неодамна велеше дека можеби ќе брани уште десет години, сепак на моменти размислува за пензионирање. Легендарниот Џиџи повеќе од две децении ги чува головите на највисоко ниво, па почна да игра и со децата на негови поранешни соиграчи.
Буфон во средината на 90-тите години, во Парма беше клупски колега со Енрико Киеза, а во минатата сезона, како голман на Јувентус, во противничкиот напад беше синот на Енрико, Федерико Киеза кој игра за Фиорентина.
„Кога играв против Федерико Киеза, за првпат се чувствував дезориентирано. Играв против син на мој поранешен соиграч. Во тие моменти, помислував дека е време да заминам во пензија“ – изјави Буфон кој сепак продолжи да настапува активно и тоа надвор од Италија.