Мајсторски одработена кариера – Се пензионира скаутот на Ајакс кој ги откри Ибрахимовиќ, Ериксен, Лаудруп, Долберг…

Џон Стин Олсен, познатиот поранешен фудбалер, потоа и извонреден скаут на Ајакс за фудбалски таленти од подрачјето на Скандинавија, замина во пензија на 79-годишна возраст.

Ексфудбалерот на Феенорд, Утрехт и Малме од попознатите клубови точно 25 години работеше како скаут на Ајакс и тој е најзаслужен за промоцијата на светските асови од калибарот на Златан Ибрахимовиќ, Кристијан Ериксен, Михаел Лаудруп, Каспер Долберг…

Сите тие пристигнаа од скандинавските земји благодарение на острото око и чувство за проценка на фудбалски талент на Олсен и направија топ-кариери.

Џон има одиграно 17 натпревари за данската репрезентација во периодот од 1966 до 1973 година, а во финишот на минатиот век беше ангажиран од Ајакс да им биде фудбалски скаут, што се покажа како џек-пот потег за легендарниот холандски клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести