Усман Дембеле по сите изгледи ќе остане во Барселона ставајќи крај на долгата сага околу неговиот договор со Каталонците. Голема улога во оваа одлука одигра и тренерот Чави, кој го убеди брзоногиот крилен офанзивец да се премисли.
Французинот од јули треба да е слободен агент, односно како што стојат работите, тој останува на „Камп ноу“. Клубот и неговите претставници ќе отпочнат нови преговори за обновување на соработката, со тоа што платата ќе му биде значително намалена.
Досега најголем проблем беше што агентот на Дембеле бараше неверојатни 45 милиони евра како бонус при потпис, истата сума важеше и за останатите клубови кои се интересираа за него. Најзагреани беа Сините од Лондон, сепак, Челзи и Тухел ќе останат со празни раце.