Кристијано Роналдо беше главна ѕвезда во летниот преоден рок, кога неочекувано го облече дресот на Јувентус. По девет години поминати во Реал Мадрид, Португалецот се реши да се пресели во гигантот од Торино. Мадридскиот гигант без Роналдо е многу послаб во нападот, а Јувентус со Кристијано во тимот ја игра најдобрата сезона во истријата на Серија А.
Според најавите во „Дон Балон“, Роналдо со план го одбрал Јувентус за негов нов клуб. Португалецот би одиграл во Јувентус уште некоја сезона, а потоа ќе се пресели во Обединетите Арапски Емирати, каде би добил двојно поголема плата, од таа што во моментов ја добива од „старата дама“.
Роналдо едноставно не планира во скоро време да прекине со фудбалот, туку уште неколку години да доминира на теренот, но и тоа да го наплати на најдобар можен начин.