Македонската ракометна репрезентација која е дел од Медитеранските игри во Тунис, славеше со 31:22 против Турција и остана со шанси за второто место во групата, кое води во полуфиналето.
Македонија против Турција ја оправда фаворитската улога и освен што губеше со 1:0, потоа ја превзема контролата на резултатот, па имаше предност од 6:2 и 12:8, а на полувреме момците на селекторот Кирил Лазаров водеа со 13:12.
На почетокот на вториот дел беа решени сите дилеми околу победникот. Македонија прво стигна до водство од 17:13, а потоа на резултат 17:15, нашите ракометари со фуриозна игра стигнаа до водство од 24:16 и веќе немаше дилеми околу победникот.
Македонија во групната фаза завршува со две победи едно реми и еден пораз од Шпанија и има седум бодови. Со седум бодови уште е и домаќинот Тунис кој треба да игра против Шпанија. Доколку Црвената фурија победи, Македонија ќе остане на второто место во групата и ќе игра во полуфиналето, што значи и борба за медал на Медитеранските Игри.