Војдан Стојановски, кој е капитен на македонската кошаркарска репрезентација, промаши само еден шут во првото полувреме на дуелот со Украина, но и тоа е премалку за сериозен отпор, па Македонија губи со 37:47 во последниот меч од квалификациите за настап на Светското првенство.
Стојановски ги погоди првите пет удари, три од нив за тројка, па потоа промаши од далечина и со ефект 5/6 постигна 13 поени, но гостите од Украина водат со 10 поени разлика по првото полувреме.
Добро одигра и Андреј Јакимовски, со 10 поени во првиот дел, но две ластовички се премалку за успех.
Македонија постојано имаше негатива од самиот старт на мечот и ако не се случи чудо, ќе го загуби и шестиот квалификациски меч и ќе заврши на последното место без победа.
Крилото на Торонто репторс, Свјатослав Михалик, успешно ги предводи Украинците кон нова победа и во првиот дел уфрли 13 поени.
Кај нас Крстевски даде шест поени, а кошот по еднаш го погодија и Николов и Маслинко.
Мечот е од ревијален карактер за Македонија, која веќе ги загуби шансите за пласман понатаму и нема да игра на Мундијалот во 2023 година.