Годините се само бројка, Руди и на 37 ќе го носи кралскиот дрес

Реал Мадрид и Руди Фернандес официјално ја продолжија соработката на уште една сезона. Шпанскиот ветеран и на 37 години ќе ги брани боите на Кралскиот клуб со доказ дека годините се само бројка.

Бекот на Реал е клупска легенда и еден од најтрофејните кошаркари во клупската историја. Руди досега запиша над 650 настапи за актуелниот европски вицешампион, со освоени две титули во Евролигата, шест титули во Шпанија, како и пет во Купот на Кралот.

https://twitter.com/RMBaloncesto/status/1546816640746082304

- Оглас -

Најнови вести