Американецот Фред Керли ја истрча најбрзата трка на 100 метри во историјата на квалификациите на Светските првенства, а новиот рекорд е 9 секунди и 79 стотинки.
Керли е новата ѕвезда во атлетиката и најавува дека ќе се обиде да го урне и рекордот на Јусеин Болт, кој изнесува 9.58 и е подобар од резултатот на Фред за 21 стотинка.
https://twitter.com/WorldAthletics/status/1548185676117467136?s=20&t=HLaSzd-1M_tIbKId4BZ0UA
Керли лесно се пласираше во полуфиналето и ќе има уште две шанси на ова Светско првенство да се обиде да го урне рекордот на Болт.