Француското крило, Усман Дембеле, е еден од милениците на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, па затоа за една негова шега, многумина играчи на Барса помислиле дека е вистина.
Дембеле откако го продолжи договорот со Каталонците до 2024 година, пред сите јавно побарал да биде капитен на Барселона. Фудбалерите биле изненадени и го гледале зачудено, а неколку секунди подоцна, Усман се насмеал и им рекол дека само се шегува и дека нема амбиција да биде еден од капитените.
Капитени во Барса се Серхио Бускетс, Жерард Пике, Сержи Роберто и Жорди Алба.