Ретко во тенискиот свет се случува двајца тенисери вербално да се скараат, а малку фалеше да дојде и до физичка пресметка меѓу Аљаж Бедене и Фабио Фоњини на АТП турнирот во Хамбург.
Мечот беше возбудлив и го доби италијанскиот тенисер Фоњини со 6:3, 3:6, 7:6 (5), а драмата кулминираше кога двајцата тенисери се најдоа во исто поле и во кавга за поен.
https://twitter.com/Olly_2022/status/1549416533687934977?s=20&t=452Y9khjC49i_zSO7xY4HQ
За среќа, остана само на вербална пресметка, а за да не дојде и до физички конфликт, помогна и судијката од Турција.