Лајпциг синоќа загуби со 3:5 од Баерн Минхен во Супер купот на Германија, а освен спектакуларниот меч и осумте погодоци, дуелот ќе се памти и по еден интересен потег.
Баерн водеше со 4:1, а Лајпциг успеа да стигне до 4:3, па домашните фудбалери со сите сили се обидуваа да израмнат. Во судиското надополнување, имаше една неверојатна ситуација.
Играчите на Лајпциг требаше по ферплеј да ја вратат топката на противникот, а Дани Олмо тоа го направи на неверојатно итар начин. Олмо ја доби топката и веднаш ја остави до аут линијата. Сепак, топката не беше целосно излезена во аут, што значи дека фудбалерите на Баерн требаше да продолжат играјќи со нога. Тоа не го забележа Лукас Ернандес кој побрза да ја фати топката со рака за да изведе аут, иако судијата воопшто не покажа дека е аут.
Веднаш по допирот на топката со рака, арбитарот сигнализираше игра со рака и слободен удар за Лајпциг. Настана мешаница, но факт е дека Олмо не беше виновен и дека тој ферски ја остави топката на противникот и воопшто не е виновен што фудбалерот на Баерн не внимаваше и наместо со рака, требаше да продолжи да игра со нога.
За среќа на Лукас Ернандес, Лајпциг не постигна гол за израмнување и на крајот баварците се радуваа на трофејот, но Олмо успеа да го надитри противникот во таа ферплеј ситуација.