Иранскиот Хулк се фалеше дека е најсилен во свет, а доби ќотек како да е мало дете (Видео)

Сајад Хариби понат по прекарот „Иранскиот Хулк“, дебитираше во боксерскиот ринг и доживеа дебакл. Човекот кој се фалеше дека е најсилен во светот, за противник го имаше Џуманов Алмат Бакитовиќ од Казахстан.

Борбата воопшто не личеше на професионален бокс меч. Двајцата беа во маици, а Иранскиот Хулк едноставно не знаеше како да се движи во рингот, а и кондициионо беше многу лошо подготвен, па по само една минута бараше пауза.

Бакитовиќ кој е познат како Горилото од Казахстан немаше милост кон противникот, постојано го напаѓаше, а Иранскиот Хулк во немоќ го вртеше грбот кон противникот, па судијата на крајот мораше да ја прекине борбата.

Иранскиот Хулк постојано се претставуваше како најсилниот човек во светот, но по првата борба што ја имаше во рингот, јасно е дека мускулите што ги има „надувано“ се само за физички изглед, додека во „фајт“ е многу послаб од тоа што се претставуваше.

- Оглас -

Најнови вести