Левандовски си најде омилен соиграч во Барса, правеа спектакуларни акции (Видео)

Барселона го освои трофејот „Гампер“ откако на „Спотифај Камп ноу“ го декласираше мексиканскиот клуб Пумас УНАМ со 6-0.

Три од шест гола беа благодарение на тандемот Педри-Левандовски. Најпрвин Шпанецот му асистираше на Полјакот кој даде гол од мртов агол, а потоа новиот играч на Каталонците имаше две асистенции кои Педри ги круниса со голови.

Најубавата акција беше кога Левандовски со пета го пронајде Педри, а тој погоди за водство од 4-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести