Црвена ѕвезда е на чекор од пласман во плејоф-фазата за пласман во групата од Лигата на шампионите. Српскиот првак има големи амбиции, а претседателот на клубот, Звездан Терзиќ, вели дека планот на клубот е да заработат дури 100 милиони евра во следните две сезони.
„Мислам дека е многу тешко да се направи нешто повеќе во Лигата на шампионите, но ако продолжиме со ваква паметна политика и работа, ќе можеме да стигнеме до четвртфиналето или полуфинале во Лигата на Европа. Дури и минатата сезона бевме блиску до вакво нешто“, вели Терзиќ.
Ѕвезда со 5:0 го победи Пјуник во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите и само рутински треба да го одработи реваншот, а потоа да се подготвува за двомеч, најверојатно против Макаби Хаифа, кој има предност од 4:0 против кипарскиот Апоел.
„Црвена ѕвезда денеска нема голем долг. Ѕвезда се подготвува во следните две сезони да заработи 100 милиони евра од играње во Европа. Ако влеземе во групната фаза на ЛШ, ќе ни следуваат 30 милиони евра сега, а следната година ќе имаме плус 30 милиони евра затоа што шампионот на Србија ќе има директен пласман во групната фаза од ЛШ. Многу веројатно е дека ние пак ќе бидеме шампиони“, оптимистички најавува Терзиќ.