Магија – Реал има трио фантастико, заедно играа 9 финалиња и на сите победија (Фото+Видео)

Реал Мадрид освои уште еден пехар во богатата колекција на најславниот и најтрофеен европски клуб со победата од 2:0 против Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот на Европа, а со тоа продолжи и спектакуларната серија на трилингот Модриќ-Крос-Касемиро.

Кога тие тројца биле стартери заедно на терен во дресот на Реал, Кралскиот клуб никогаш не загубил, а освоени се дури 9 пехари.

Три фантастико, за кое голем дел од фудбалските експерти велат дека е најмоќното на сите времиња.

Модриќ има 36 години и дојде во Реал  точно пред една деценија. Крос е четири години помлад и стана Крал во тимот од Мадрид во 2014 година, а Карлос Енрике Касемиро е најмлад, има 30 години и член е на Реал од 2013 година.

„Модриќ и Крос се неверојатни, двајца пријатели со кои би бил заедно секогаш и до крајот на животот“, вели Касемиро.

Реал победи во Хелсинки со головите на Давид Алаба и Карим Бензема, а францускиот ас со 324 гола сега е втор стрелец на сите времиња на Кралскиот клуб.

Бензема го мина Раул Гонзалес, а пред него е само Кристијано Роналдо со 450 погодоци.

Карло Анчелоти го освои четвртиот пехар во Суперкупот на Европа, што е рекорд, а Флорентино Перес како претседател на Реал стигна до 30-тиот пехар и е втор најтофеен претседател во историјата на клубот, зад легендарниот Сантијаго Бернабеу со три титули повеќе.

 

- Оглас -

Најнови вести