Македонскиот лев бек, Езџан Алиоски, првпат заигра на официјален натпревар за Фенербахче, беше стартер и имаше успешно деби, со оглед на тоа дека истанбулскиот тим победи со 2-0 на гостувањето кај Австрија Виена.
Алиоски доби жолт картон, а играше од прва до 79-та минута.
Головите на Кинг и Дурсун го доближија Фенер до групната фаза во Лигата на Европа, тешко дека Австрија ќе може да направи чудо на реваншот во Истанбул.