Грчката кошаркарска селекција влезе во серија од три победи по вечерашниот триумф над Турција со 89:80 во подготвителниот период пред Евробаскетот.
Јанис Адетокумбо, првата ѕвезда на Грција, во последен момент го откажа настапот на контролката поради болки во грбот, но и без него се стигна до посакуваниот резултат.
https://twitter.com/HellenicBF/status/1560722797013348352
Иако беше пријателски дуелот, темпото беше тензично со константно менување на резултатот, по што Грција во последните 10 минути го подигна нивото и го доби периодот со 14 поени разлика, односно конечни 89:80.
На негово местото од Јанис, одговорноста ја презеде помалиот брат Костас Адетокумбо, кој ги предводеше Грците со дабл-дабл учинок од 19 поени и 13 скока, додека на другата страна Фуркан Коркмаз исто така забележа двоен учинок, но со 22 поени и 10 скока.
https://twitter.com/HellenicBF/status/1560711261729562627
Останати резултати:
Грузија 76:87 Полска, Летонија 80:69 Естонија, Словачка 62:68 Швајцарија, Литванија 94:68 Холандија.