Ќе бидат ѓаволски брзи – Манчестер јунајтед ќе се засили со еден од главните спринтери во Премиер лигата

Манчестер јунајтед најавува уште еден спектакуларен потег во летниот преоден рок и е зинтересиран за ангажман на Алан Сен-Максимен од Њукасл.

Еден од најбрзите фудбалери во Премиер лигата и многу вешт дриблер во последните неколку сезони игра одлично и стигна до листата со желби на неколку познати клубови.

Њукасл засега одолева на понудите за 25-годишниот француски интернационалец, а Манчестер јунајтед има рок уште од 8 дена за да го купи одличниот офанзивец на Чавките.

Сен-Максимен во 2019 година пристигна во Њукасл од Ница и потпиша шестгодишен договор со „црно-белите“ во трансфер вреден 20 милиони фунти.

Сега, според „Трансфермаркет“, вреди околу 32 милиони фунти, но останува да се види колкава отштета ќе бара Њукасл и дали Манчестер јунајтед ќе одговори со соодветна понуда за одличниот француски фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести