Бешикташ го претстави големото засилување, Бамиделе Џермејн Али, или попознат како Деле Али, кој пристигна во гигантот од Истанбул и имаше интересна презентација на социјалните мрежи.
Пристигна во прекрасната анимација со НЛО како вонземјанин и од него навивачите на Бешикташ очекуваат и така да игра.
https://twitter.com/Besiktas/status/1562843848904265728?s=20&t=iLrIYeptXFyRfODAm5iL_A
Деле Али дојде кај црно-белите од Истанбул како позајмен играч од Евертон и очекува да ја врати некогашната форма со која успеа да собере 37 настапи за англиската репрезентација.