Шкупи сам се осакати во Приштина, Абдула доби црвен картон само за 120 секунди

Македонскиот првак Шкупи има негатива од 1:2 против Балкани за реваншот во Приштина и остана со играч помалку во вториот меч за настап во Конференциската лига, и тоа само по 120 секунди игра.

Џелил Абдула беше исклучен наивно на самиот старт од реваншот, со што драстично се намалени шансите на Шкупи со 10-мина фудбалери да се избори за победа и да игра во Конференциската лига.

По 15-тина минути игра, сè уште нема голови на реваншот, но Балкани сега има и гол повеќе и играч повеќе, што е голема предност во плејофот за учество во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести