Деле Али пред неколку години важеше за најдобриот млад англиски фудбалер, но тој не ги оправда очекувањата.
Иако пред него претстои богата кариера, тој во последните сезони имаше константен пад на формата, па така летово потпиша за турскиот гигант Бешикташ. Иако многумина го протолкуваа овој трансфер како почеток на крајот на кариерата на Али, тој во првиот натпревар ги демантираше.
Тој вчеравечер во победата од 3:1 на својот тим над Сиваспор одигра 78 минути и во неколку наврати покажа што поседува во својот репертоар. Англичаните се надеваат дека Деле ќе успее да ја поврати формата што го красеше во дресот на Тотенхем и дека ќе биде дел од тимот на Гордиот Албион за претстојното СП во Катар.