Хаос во Турција: Вооружен напад на Фудбалската федерација, за малку ќе бил застрелан Алтинтоп!

Вистинска драма се случувала денеска во просториите на Фудбалската федерација на Турција во Рива, место на периферијата на Истанбул.

За време на состанокот на Бордот на директори, почнало пукање кон зградата, биле испукани седум куршуми, а еден поминал над главата на некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Баерн Минхен, Галатасарај и Шалке 04, Хамит Алтинтоп.

Лицата кои пукале побегнале со автомобил, а полицијата врши преглед на безбедносните камери за полесно да ги најде напаѓачите.

- Оглас -

Најнови вести