Лудница во Барселона во последните минути од преодниот рок

Барселона во текот на целиот преоден рок постојано беше активна, па така и во последните минути пред затворањето на летниот трансфер-период се случи интересен трансфер.

Непосредно пред да биде затворен преодниот рок, каталонскиот гигант потврди дека Пјер-Емерик Обамајанг си заминува од „Камп ноу“ и следна станица за напаѓачот е Челзи.

Габонецот синоќа ги направи лекарските прегледи во Лондон и трансферот се комплетира непосредно пред да биде затворен трансфер-периодот. Барселона од продажбата на Обамејанг ќе заработи 12 милиони евра, а со Челзи потпиша верност на две години.

- Оглас -

Најнови вести