Пред неполн месец, менаџерот на Челзи, Томас Тухел, изјави дека ниту еден фудбалер во тимот не сака да го земе дресот со бројот 9, деветката беше слободна до синоќа, а сега ја зеде Пјер-Емерик Обамејанг.
Габонецот не се плаши од „проклетството“ на овој број на дрес во Челзи.
Обамејанг не е премногу суеверен и без проблем го зеде дресот кој не им донесе многу голови на Ромелу Лукаку, Фернандо Торес, Алваро Мората, Гонзало Игуаин, Радамел Фалкао, Ернан Креспо, Тами Абрахам, Матеја Кежман, Стив Сидвел, Калид Буларуз…