Италијанскиот калчолигаш Болоња одлучи да му се заблагодари на тренерот Синиша Михајловиќ и му даде отказ. По пет одиграни кола во новото првенство, Болоња уште нема ниту една победа и со три освоени бода е на 16-тото место на табелата.
Михајловиќ на клупата на Болоња седна во 2019 годин, и тоа само неколку месеци пред да му биде дијагностицирано дека има леукемија. Српскиот стратег еднаш се избори со оваа опасна болест, но во март оваа година повторно имаше лоши вести, а тоа е дека повторно има леукемија. Михајловиќ беше тренер на Болоња и во 2008 година, а вкупно во 130 меча ѝ донесе 40 победи на екипата.
Тијаго Мота, Клаудио Раниери и Роберто де Зерби се споменуваат како наследници на Михајловиќ на клупата на Болоња, а Мота е најсериозен кандидат.